Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот плоштад во Куманово во сабота, 1 јули, во 18 до 21 часот ќе се одржи летниот караван на ФК Црвена Звезда.
„Караванот ја носи двојната круна освоена од првиот тим на ФК Црвена Звезда годинава, како и пехарот од Бари. На сите посетители ќе им се овозможи да се сликаат со пехарите и членовите на клубот. Тричасовната дружба ќе биде исполнета со песни и реквизити на ФК Црвена Звезда, а посебно задоволство се приказните на фановите и постарите навивачи, кои имаат спомени од Црвена Звезда и најмладите кои штотуку ја откриваат својата љубов кон клубот“, вели Емил Ташевски, организатор на манифестацијата во Куманово.
На настанот официјално се поканети и звездините легенди од овиe простори Дарко Панчев, Илија Најдоски, Митко Стојковски и Перо Антиќ.
Големиот летен караван за прв пат доаѓа во Македонија.