Летонија фуриозна во првиот натпревар од втората фаза
11.09.2013 14:42
| KumanovoNews
Кошаркарите на Летонија покажуваат дека неслучајно се наоѓаат во втората фаза од Европското првенство во кошарка. Денеска беа убедливи против репрезентацијата на Украина со резултат 85:51.
Украинците единствениот пораз во првата фаза го доживејаа единствено од Франција, па малку кој очекуваше голема победа на Летонија. Квалитетот на репрезентациите од групата А е сигурно послаб, но малку кој се надеваше дека Летонија ќе ја прегази Украина со 34 поени разлика.
Најдобар кај победниците беше Кристапс Јаниченокс со 14 поени, додека кај Украина Серги Гладир постигна 12 поени.
Денеска од 17:45 ќе се игра вториот натпреар од оваа група, каде ќе се сретнат Белгија и Србија.

