Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По убедливиот пораз на Куманово 2009 во Гевгелија, кошаркарите на Куманово добиваат нов тренер, кој би требало да ја подобри формата на тимот во продолжението од сезоната.
Љубисав Луковиќ е човекот кој би требало да го одведе Куманово 2009 во Плеј-оф натпреварувањето во домашното првенство. Имено, Луковиќ последните две сезони беше тренер на Куманово со кое обезбеди учество на Фајнл-фор турнир во БИБЛ лигата, и финале во Купот на Македонија во кое загубија од МЗТ Скопје.
Според неофицијални информации, Куманово 2009 под водство на Димитријевиќ ќе одигра уште еден натпревар, и тоа против Кожув на гостински терен.
Горан Димитријевиќ е еден од иницијаторите за реформирање на кошаркарскиот клуб Куманово, и под негово водство тимот во 2009 година настапуваше во Втора лига. Со кошаркари кои исклучиво потекнуваа од Куманово, тој обезбеди пласман во Прва лига. Со неколку засилувања, сезоната 2010/11 Куманово беше на чекор до пласман во Супер-лига, по што на негово место пристигна Луковиќ.
Во тие две сезони Димитријевиќ беше прв асистент на Луковиќ, каде што покрај горенаведените резултати, Куманово двете сезони завршуваше на петтата позиција.
Оваа сезона тимот на Димитријевиќ имаше одличен почеток, но по зимската пауза тимот не продолжи во пробеднички ритам.