Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово се единствените претставници на нашиот град кои успејаа да остварат позитивен резултат во изминатиот спортски викенд. По кошаркарите, пораз забележаа одбојкарите и ракометарите на Куманово.
Ракометарките на гостински терен беа поуспешни од РК Кичево 10 со резултат 28:30. Ова е трета победа на нашите ракометарки, кои единствениот пораз го забележаа од Металург.
Ракометарите на Куманово не успејаа да го совладаат Пелистер во Спортската сала. Иако на полувреме беше 16:16, ракометарите не успејаа да се изборат за позитивен резултат и загубија со 28:33.
Одбојкарите беа поразени од шампионот ОК Шкендија, кој и оваа година го има најконкурентниот состав за одбрана на титулата. Нашите претставници беа достојни противници само во вториот сет, а натпреварот заврши со победа на Шкендија со 3:0 во сетови.