Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лука Гаревски од Куманово е прогласен за државен шампион во триатлон во категоријата јуниори.
Оваа титула по 5-ти пат Гаревски ја добива од Триатлон федерација на Македонија.
Покрај прогласување и доделување на награди во недела се оддржа и државно првенство во дуатлон со 5000 м трчање, 20 км возење велосипед и 2500 м трчање на кеј на Вардар и во сениорска категорија освоив 3 место. Ова беше добар почеток на сезоната и ме очекуваат нови натпревари - вели Гаревски.
Триатлон е олимписки спорт составен од 3 сегменти: пливање, возење велосипед и трчање. Олимписката дистанца е 1500 м пливање, 40 км возење велосипед и 10 км трчање изведени по овој редослед.
Гаревски се надева дека со постигнатите добри резултати ќе се пласира на Балканското првенство кое на 13 април ќе се оддржи во Романија.