Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Раководството на Кошаркарскиот клуб Куманово денеска на прес конференција побара да се казнат предизвикувачите на инцидентите на натпреварот Лирија- Куманово што се одржа во сабота во Скопје.
Тренерот Љубосав Луковиќ во детали објасни со какви проблеми и притисок се соочиле кошаркарите и стручниот штаб за време на натпревaрот, во кој по секоја цена требало да победи домаќинот.
На натпреватот со Лирија имаше се и сешто само не кошарка. Ме иритира начинот на кој луѓето од кошарката во Македонија, а посебно делегатите и судиите дозволија да ни се досудат 35 фаули во однос на екипата на Лирија која доби 21. Нашата игра ја базиравме на центрите, а тие по три минути игра на нашите 4 центри им досудија 18 лични грешки. Уште два центра да добиеа по една лична грешка тоа ќе значеше дека ќе играме без 4 центра затоа што имаа по пет фаули. Врз нашиот најдобар играч Јанушевиќ не свиреа ниту една лична грешка, а тој доби 5 лични грешни за 20 минути. На натпреварот екипата на Лирија имаше 53 слободни фрлања, а ние дупло помалку, иако тие како домаќини имаа агресивна игра. На мојата забелешка на делегатот дека нема да дозволиме да бидеме жртвени јагниња и да не гаѓаат со предмети, кога му покажав што паѓа, и кога го замолив да реагира тој ми рече да седам на клупата и нема зашто јас да зборувам. Моите забелешки го иритираа, но ниту еднаш не ја опомена домашната клупа, ниту сидиите, ниту однесувањето на публиката- вели Луковиќ.
Раководството на Куманово бара надлежните да имат ист аршин кон сите клубови, по секоја судијска одлука, опоменување на публиката и празнење на трибините поради неспортско навивање.
Ние бараме кон нашиот клуб и кон навивачите да се однесуваат како и кон другите. Од делагатот не очекувам ништо добро бидејќи тој ми запрети дека ќе ме исфрли од македонската кошарка, кога културно му се обраќав да реагира во текот на натпреварот- тврди Луковиќ
Претседателот на кошаркатскиот клуб Куманово, Виктор Божиновски побара луѓето од Кошаркарската федерација да ја прегледаат снимката и да ги казнат навивачите, нарочито поради националистичките песни, како и делегатот и судиите што го дозволиле тоа.
Куманово нема да дозволи да игра епизодна улога во првата лига, туку спортски ќе се бори за место кое му припаѓа и што го заслужува во кошарката- рече Божиновски.