×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мачорот Ахил ќе ги претскажува резултатите на Светското првенство во Русија

    14.06.2018 16:48 | KumanovoNews

    Глувиот мачор Ахил, кој е редовно вработен како чувар во уметничката галерија и музеј „Ермитаж“ во Петроград, Русија ќе биде главниот претскажувач на резултатите на претстојното Светско првенство во фудбал.

    Мачорот Ахил ќе ги претскажува резултатите на Светското првенство во Русија

    Ахил веќе го оствари своето прво спортско предвидување за натпреварот меѓу Русија и Саудиска Арабија, чиј меч ќе го отвори Првенството, започнувајќи денес во 17 чaсот по македонско време. По долго двоумење изборот на Ахил беше во полза на земјата домаќин.

    Изборот на мачор за претскажувач од страна на русите не е случаен. Според неофицијални истражувања дури 60% од Русите дома имаат барем по една мачка, а 20% чуваат повеќе од две мачки дома. Изобилство од мачки може да се забележи во руските паркови и околу станбените згради. Поради ваквата појава Русија ја нарекуваат татковина на мачките, каде во 2011 година беше одбележан фестивал на музејските мачори, кои го штитат музејот од глувци.

    Од 2007 година во галеријата и музеј „Ермитаж“ редовно се вработуваат мачки, а во тоа својство истите добиваат и лична карта. За мачките во Русија се пишуваат и стихови, а истите се споменуваат и во поемите на Сергеј Есењин, Марина Цветаева. Пушкин покрај тоа што пишувал за мачорот Бајун кој во сказните јадел луѓе, книжевникот истите ги има цртано. Покрај тоа, мачките во Русија се дел од церемонијата на сечење на црвената лента и пуштање во употреба на нови објекти.  

    Инаку, Светското фудбалско првенство во Русија, кое ќе трае од 14-ти јуни до 15- ти јули е 21 во по ред. На Мундијалот ќе настапат 32 репрезентации распоредени во 8 групи, а  натпреварите ќе се играат во 11 града на 12 стадиони. Бранител на титулата е Германија, а за прв пат на вакво натпреварување се пласирани репрезентациите на Исланд и Панама.

    (С.Т.)