Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Мајами и Мемфис обезбедија финале во своите конференции, откако синоќа забележаа победи над Чикаго, односно Оклахома.
Актуелниот шампион го победи Чикаго со 94-91 и со вкупен резултат од 4-1 се избори за дуел со подобриот од серијата помеѓу Индијана и Њујорк.
Мемфис ја совлада Оклахома со 88-84 и со вкупни 4-1 ќе го чека подобриот од пресметката помеѓу Сан Антонио и Голден Стејт.
Леброн Џејмс го предводеше актуелниот шампион до нова победа и пласман во конференциското финале, забележувајќи 23 поени, 7 скокови и 8 асистенции.
Одлична вечер имаше и Двејн Вејд, кој забележа 18 поени, 5 скокови и 6 асистенции, додека Крис Бош натпреварот го заврши со 12 поени и 7 скокови.
Кај Булси, Карлос Бузер запиша 26 поени и 14 скокови, додека Нејт Робинсон имаше учинок од 21 поен, 5 скокови и 6 асистенции.
До одлучувачкиот триумф против Оклахома, Мемфис беше предводен од Зак Рендолф кој постигна 28 поени, а оствари и 14 скокови.
Мајк Конли го заврши мечот со 13 поени и 11 скокови, додека кај Тандерси се истакна Кевин Дурент со 21 поен, 8 скокови и 6 асистенции.