×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мајами со 16 победи во серија

    07.03.2013 09:24 | KumanovoNews

    Во НБА лигата ноќеска беа одиграни 14 натпревари, а првакот Мајами ја продолжи низата победи и сега имаат вкупно 16 по ред.

    Мајами со 16 победи во серија

    Малку кој очекуваше дека Орландо, кој вкупно има само 17 победи, ќе му биде ривал на шампионот за неизвесна завршница.

    Победоносниот кош го постигна Леброн Џејмс на 3.2 секунди до крајот. Џејмс натпреварот го заврши со 26 поени, Двејн Вејд имаше 24, а Крис Бош 17 поени и 10 скокови.

    Енигма за домашната одбрана беше центарот на Орландо, Црногорецот Никола Вучевиќ кој имаше 25 поени и 21 скок.

    Резултати на ноќеска одиграните НБА дуели: Шарлот - Бруклин 78:99, Кливленд - Јута 104:101, Индијана - Бостон 81:83, Атланта - Филаделфија 107:96, Мајами - Орландо 97:96, Детроит - Њујорк 77:87, Мемфис - Портланд 91:85, Њу Орлеанс - Лос Анџелес Лејкерс 102:108, Минесота - Вашингтон 87:82, Далас - Хјустон 112:108, Сан Антонио - Чикаго 101:83, Феникс - Торонто 71:98, Лос Анџелес Клиперс - Милвоки 117:101 и Голден Стејт - Сакраменто 87:83.

    Вечерва играат: Њујорк - Оклахома Сити и Денвер - Лос Анџелес Клиперс.

    Пласман Источна конференција: Мајами 45-14 (победи-порази), Њујорк 37-21, Индијана 38-23, Бруклин 35-26, Атланта 34-26, Чикаго 34-27,.

    Пласман Западна конференција: Сан Антонио 48-14, Оклахома Сити 44-16, Лос Анџелес Клиперс 44-19, Мемфис 40-19, Денвер 40-22, Голден Стејт 35-27.