Мајами со Леброн Џејмс го совлада Чикаго
11.05.2013 09:31
| KumanovoNews
Кошаркарите на Мајами поведоа со 2-1 во полуфиналето на Истокот, откако го совладаа Чикаго на гостински терен со 94-104.

Кошаркарите на Чикаго се држеа до третата четвртина без Дерик Роуз, Кирк Хајнрих и Луол Денг, но во четвртата четвртина на сцена стапи Леброн кој 12 од своите 25 поени ги постигна во самата завршница.
Вечерва се играат натпреварите Индијана – Њујорк и Мемфис – Оклахома Сити.
И на двата дуела скорот во победи е 1-1.