Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во НБА лигата одиграни се осум натпревари, а најинтересниот се одигра во Мајами, каде домаќинот го совлада Сакраменто со 141:129.
Шампионот со победата стигна дури по две продолженија, а најзаслужни за триумфот беа ЛеБрон Џејмс и Двејн Вејд кои заедно постигнаа 79 поени, а Мајами со 141 поен го израмни тимскиот рекорд од 1991 година.
Џејмс беше блиску до нов трипл-дабл, забележа 40 поени, 16 асистенции и осум скока додека Вејд имаше учинок од 39 поени, осум скока и 7 додавања.
На спротивната страна лидер во составот на Сакраменто беше Маркус Торнтон со 36 поени, а ДеМаркус Казнс зад своето име впиша 24 поени и 15 скока.
Жестоко беше во Индијанаполис, каде домашната Индијана славеше над Голден Стејт со 108:97, а дуелот го одбележа инцидентот меѓу Рој Хиберт и Дејвид Ли, а на крајот настрада Стефон Кари, кој во еден момент се обиде да ги раздели двајцата воинствени кошаркари.
Дејвид Вест со 28 поени ии 7 скока беше лидер во составот на Индијана, а Џорџ Хил забележа 28 поени и седум асистенции.
Во редовите на Сакраменто, меч на кариерата одигра Стефон Кари, кој имаше учинок од 38 поени додека Ли забележа 12 поени и 12 скока.
Кливленд како гостин го совлада Чикаго со 101:98, а во отсуство на првата ѕвезда во тимот, Кајри Ирвинг, кој не играше поради повреда на коленото, најдобар со 25 поени беше Дион Вејтерс. Шон Ливингстон постигна 15, а Вејн Елингтон 13 поени.
Прв играч во составот на Чикаго беше Карлос Бузер со 27 поени, а еден помалку постигна, Луол Денгч кој додаде уште 10 скока и пет асистенции.