Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Германија среќно издвојуваа победа против репрезентацијата на Македонија. Во меч со доста сомнителни судиски одлуки, нашите ракометари изгубија во последните мигови со резултат 23:24.
Тешко е во овие мигови да се најде „виновникот“ за натпреварот кој ќе ни донесеше пласман во следната фаза. Резултатот на полувреме беше 12-12, додека второто полувреме заврши со резултат 11-12, што покажува дека натпреварот е повеќе од изедначен.
Најефикасни поединци беа Кире Лазаров со 7 гола, кој имаше неколку врзани клучни промашени шанси. Стојанче Стоилов изигра одлично како и во првиот натпревар постигнувајки 6 гола а Наумче Мојсовски постигна 4 гола.
Сомнителните ситуации кои одеа во корист на германската репрезентација се дел кој треба да се истакне, и кој веројатно влијаеше на конечниот исход.
Следниот натпревар нашата репрезентација го игра против Чешка, и со победа обезбедува пласман во следната фаза.