Македонија против Чешка на Европското првенство
Македонската ракометна репрезентација денеска го игра дуелот од второто коло на Европското првенство во Данска против екипата на Чешка.

Овој натпревар за нашата репрезентација е првиот од двата клучни дуели за пласман во следната фаза.
Репрезентацијата на Чешка на отворањето на Европското првенство загуби од репрезентацијата на Австрија со резултат 30-20.
Натпреварот започнува денеска во 18.15 часот и со победа над екипата на Чешка обезбедуваме пласман во следната фаза.
Од 2. коло денеска се играат и натпревари од Б групата (Алборг):
Унгарија - Исланд и
Норвешка - Шпанија.
Синоќа беа комплетирани и натпреварите од 1.коло со одигрувањето на дуелите во Ц и Д групите.
Во Архус во Ц групата: Србија ја победи Полска 20:19 и Франција - Русија 35:28.
Во Копенхаген се играа натпреварите од Д групата: Хрватска - Белорусија 33:22 и Шведска - Црна Гора 28:21.