Македонија против домаќинот Бугарија на младинското кошаркарско ЕП
10.07.2013 08:32
| KumanovoNews
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија составена од играчи до 20 години која настапува на Европското првенство - Б дивизија денеска од 17 часот и 15 минути ќе игра против домашната селекција на Бугарија.
Нашите кошаркарки во досегашниот тек на првенството имаат по две победи и два пораза, додека Бугарките имаат три победи и две изгубени средби.
Со евентуална победа Македонија ќе остане со шанси за освојување на едно од првите три места кои водат ранг повисоко, во спротивно шансите ќе бидат сведени на теорија.
На другите три натпревари од денешната програма се среќаваат: Португалија – Чешка, Израел – Белгија и Романија – Летонија.

