Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години со натпревар против Велика Британија вечерва од 19 часот и 30 минути ги започнува настапите на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во бугарскиот град Албена.
Младите македонски кошаркарки предводени од селекторот Александар Домлевски од понеделникот се во Бугарија, каде веќе ги одработија тренизните и последните подготовки пред овој шампионат.
Вкупно девет репрезентации ќе се борат за првите три места на табелата кои ќе обезбедат пласман во А-дивизијата.
Со денешниот противник Македонија последен пат играла во 2010 година на првенството во Кавадарци. Тогаш Велика Британија победи со минимални 70:69.
Пред натпреварот помеѓу Македонија и Велика Британија кој ќе се игра во вечерниот термин, на денот на отворањето ќе играат уште и Чешка - Летонија, Португалија - Израел и Бугарија - Белгија.
Според распоредот, Македонија ќе игра уште две средби во наредните два дена и тоа против Израел утре и Романија в сабота. Недела е слободен ден, а во текот на наредната седмица ќе се доиграат останатите пет натпревари.
За Европското првенство, селекторот Александар Домлевски на располагање ги има следниве кошаркарки: Ива Крстевска, Арин Агиќ, Лефтерија Темелкова, Александра Стојановска, Анжелика Митрашиновиќ, Нена Трајчевска, Софија Лазареска, Драгана Јоловиќ, Александра Иванова, Маја Павловска, Ангела Давиткова и Ивона Пејковска.