×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонија со два претставника во Лигата на Шампионите

    02.09.2013 07:34 | KumanovoNews

    Ракометниот вицешампион, Металург успеа да влезе во групната фаза на Лигата на Шампионите, откако беше подобар во двомечот против Пик Сегед.

    Македонија со два претставника во Лигата на Шампионите

    И покрај синоќешниот пораз од 23-19 сепак не беше доведена во прашање разликата која ја имаше Металург од првиот натпревар која изнесуваше 10 голови предност.

    За потсетување претходно во групната фаза на ЛШ свое учество имаше обезбедено шампионот Вардар, а ждрепката пак одлучи и двата клуба да се најдат во иста група.

    Имено во групата Ц освен нашите два претставника ќе се најдат и Барселона на Кире Лазаров, ПСЖ,Вакер Тун и Динамо Минск.

    Ова воедно е најголем успех на македонскиот клубски ракомет два клуба од нашата замја да се најдат во групите на Лигата на Шампионите и воедно за прв пат во историјата најголемото балканско дерби, Металург и Вардар да се најде на репертоарот на Лигата на Шампионите.