×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонија во следната фаза на Европското првенство во Данска

    17.01.2014 08:14 | KumanovoNews

    Вчера ракометарите на Македонија со победа над репрезентацијата на Австрија со само гол разлика ги решија сите проблеми и заминуваат во втората фаза од натпреварувања на Европското првенство во Данска.

    Македонија во следната фаза на Европското првенство во Данска

    Се истакнаа со својата борбеност и го совладаа противникот со резултат 22-21.

    Херојот на мечот беше голманот Борко Ристовски кој имаше вкупно 19 интервенции и го одбрани последниот решавачки шут за победа на нашата репрезентација.

    Одигравме квалитетен натпревар. Мечот беше исцрпувачки не само во физичка туку и во психичка смисла. Остануваме да уживаме во овој успех кој претставува најдобар старт на Македонија со пренесување на два бода во следната фаза-изјави Ристовски.

    И Кире Лазаров беше одличен со постигнати 8 гола, а со четири заврши Стојанче Стоилов, три погодоци запиша Бранче Ангеловски, а два гола имаа дадено Манасков, Филип Миркуловски и Гоце Георгиевски.

    Среќата ни беше наклонета, пресреќни сме што победивме, ова беше возбудлив натпревар, се вративме од негативата што ја имавме во финишот на натпреварот и успеавме да дојдеме до победата, задоволен сум од конечниот ефект”, изјави селекторот Обрван по натпреварот.