Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарската селекција на Македонија загуби од Италија со 92:84, на првиот натпревар од турнирот во Перм,Русија.
Не започнавме лошо, имавме само два негатива по првиот период, кога резултатот на семафорот беше 25:23 за можеби и најизмешаниот состав во квалификациите – Италија настапи со својот втор тим, поради настапите во НБА и Евролига. Вторите десет минути ни припаднаа нам, имавме плус четири (16:20), за да на полувреме заминеме со два поени предност, односно 43:41. Третата четвртина ја игравме кош за кош, со минимални предности и на двете страни, а им припадна на фаворитите со 22:21. Но, последните 10 минути немавме сили дозволивме Италија да се одлепи на плус осум, за да на самиот крај и ја одржи таа предност (29:20).
Најефикасен во составот на Македонија беше воедно и најдобриот играч во екипата, Ненад Димитријевиќ. Тој постигна 24 поени, а додаде 12 топки. Американецот во нашите редови, Вајли одигра пристоен дуел со 17 поени, 6 скокови и 2 блокади. Разочарување беше Бојан Трајковски кој шутираше 3 од 8 за три, и одигра катастрофална одбрана во текот на целиот меч. Тимот на Александар Тодоров промаши дури 9 слободни фрлања, што е очајно кога е во прашање избор на играчи за во националниот дрес.
Ова е трет пораз во низа, по првите од Русија и Естонија со што шансите за пласман на ЕвроБаскет 2022 се минимални. Денеска играме со домаќинот Русија во истиот термин од 15:30 часот, а во тимот шанса добија Бакоч и Ефремовски, наместо Симиќ и Митревски.
(фото.kfsm.mk)
(Д.Д.)