Македонската кик бокс и мау таи репрезентација на ЕП во Украина
16.08.2013 07:49
| KumanovoNews
Македонската кик бокс и мау таи репрезентација ќе настапи на Европското првенство во Мау таи, кое ќе се одржува од денеска до 26-ти август во Кхарков, Украина.

Боите на Македонија ќе ги бранат искусните Мики Ивановски (81кг.) и Далибор Огненов (75кг).
И двајцата претставници се носители на медали од претходните првенства и од нив се очекува да се закитат со злато.