Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тимот на Црна Гoра е првата репрезентација со која македонските кошаркари ќе се соочат на значајното европско натпреварување, денеска со почеток во 17.45 часот.
Две години по дуелот со Црна Гора со кој го отворивме нашиот настап на Евробаскетот во Литванија истиот противник, овој пат на собирот на најдобрите европски селекции во Словенија, е нашата прва скала во обидот за повторување на бајката од Литванија.
Нашата репрезентација годинава ја предводи словенецот Алеш Пипан која на располагање ги има 12 македонските кошаркарски асови: Александар Костоски, Владо Илиевски, Дарко Соколов, Стојан Ѓуроски, Лестер Бо Мек Кејлеб, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Владимир Брчков, Тодор Гечевски, Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски и Предраг Самарџиски.
Со пласман на некое од првите три места во групата, Македонија ќе продолжи во втората фаза од првенството каде ќе вкрсти со најдобро-пласираните три репрезентации од групата А каде се наоѓаат Украина, Велика Британија, Франција, Германија, Израел и Белгија.
Доколку репрезентативци завршат на некоја од првите седум позиции ќе обезбедат пласман на следното Светско првенство кое ќе се игра во Шпанија следната година.
Македонија веќе не е кошаркарски анонимус, па затоа на ова првенство ќе биде многу потешко да се обезбеди добар пласман отколку на она пред две години во Литванија.
Македонија натпреварите од првата рунда ќе ги игра во Јесенице во салата “Подмежакла” која е дом на хокеарскиот тим “Акрони Јесенице”.