Македонските ракометари повторно поразени од Шпанија
08.04.2013 08:52
| KumanovoNews
Ракометна репрезентација на Македонија вчера доживеа уште еден пораз на антпреварот со Шпанија.

Црвено-жолтите од светскиот првак во Гвадалахара беа победени со 29:17.
Нашите ракометари беа рамноправни само во првиот дел од мечот додека во второто полувреме нашите ракометари имаа голем број на технички грешки по што водството на домаќинот постојано се зголемуваше.
Во вториот дуел од нашата група селекцијата на Португалија ја победи Швајцарија со 27-25 и изби на второто место во групата со 5 бода веднаш зад Шанија која има осум бода.
Македонија е на третото место со 2 додека Швајцарија е последна со 1 бод.