Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа победа во македонското дерби во БИБЛ лигата, против екипата на Кожув со резултат 74:58.
По почетната промена на резултатот, Куманово уште во средината на првиот период покажа дека е посилен противник во денешното дерби. Куманово имаше 11 украдени топки, и 17 поени постигнати после грешка на противникот, па тука некаде лежи и разликата со која домашниот тим успеја да издвојува на крај и убедлива победа.
Вукашин Мандиќ постигна 21 поен и повторно беше најефикасен играч во екипата на Куманово. Во тимот на Кожув, Божовиќ постигна 17 поени.
Со оваа победа, тимот на Куманово ја потврди својата доминантност на домашен терен, и успешно го одигра последниот натпревар за оваа година.