Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
После победата против Карпош Соколи, кошаркарите на Куманово утре ја пречекуваат екипата на Левски Софија, каде што ќе се обидат да ја прекинат серијата порази во БИБЛ лигата.
Тренерот Димитријевиќ за сајтот на БИБЛ лига потврди дека се врачени одкази на Димчевски, Станимировиќ и Радуловиќ. Мандиќ е нов капитен на екипата а Луковиќ утре се враќа во тимот, одкако поради повреда беше надвор од тимот.
Причина за отказите во Куманово се конфилкт помеѓу домашните и странските играчи, па македонските играчи останале без ангажман.
Куманово сеуште има шанси за Топ 6 во БИБЛ лигата, ако утре издвојува победа против Левски, или во следното коло биде подобар од Кожув.
Натпреварот се игра во Спортската сала во Куманово со почеток од 17:30.