Марфил Спорт од Прилеп му гостува на Бал фор Лајф
25.11.2016 23:36
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Бал фор Лајф во недела го игра четвртото коло од Третата кошаркарска лига, каде што на домашен терен ја пречекува екипата на Марфил Спорт од Прилеп.
Кумановскиот третолигаш ќе се обиде да се врати на победничките патеки одкако минатото коло беше поразен од тимот на Борец Баскет во Велес со резултат 75-63. Сепак и покрај овој пораз, кумановчани сеуште се лидери на табелата, а со победа на овој натпревар ќе го зацврснат своето место на врвот.
Екипта на Марфил Спорт во досегашниот дел од првенството одигра 2 натпревари во кои забележа една победа и еден пораз.
Натпреварот се игра во недела во салата Панко Брашнаров во населба Карпош, со почеток во 14 часот.

