Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Еден од најтрофејните македонски тренери Марин Докузовски е новиот тренер на Младински кошаркарски клуб Куманово, кој се натпреварува во Втората кошаркарска лига.
Фото: Augustas Didžgalvis - Wikimedia
„Согласно амбициите на управата на клубот за развој на кошарката во Куманово и враќање на победничкиот дух и традиција на кумановската кошарка, Марин Докузовски ќе го предводи тимот во наредните 4 години.
Клубот постои од 2018 година, а во состав на клубот има младински кошаркарски школи од 12, 14, 16 и 18 години кои работат на развој и создавање на нови локални кошаркарски таленти.
Здружение кошаркарски клуб МКК Куманово (Младински кошаркарски клуб Куманово) се занимава со обука на деца и млади спортисти од Куманово за натпревари, унапредување и промовирање на кошарката во градот и подигнување на јавната свест за значењето на спортот и здравиот живот, а во своите редови има 230 кошаркари“, соопштуваат од клубот.
(фото. Augustas Didžgalvis/Wikimedia)