Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денеска му гостуваат на тимот на АВ Охрид, каде што со победа ќе си обезбедат место помеѓу најдобрите четири екипи кои ќе продолжат во Плеј-оф.
АВ Охрид е голем должник на Куманово одкако усепа да направи изненадување и да извојува победа во Спортската сала во суперлигашкиот дел од сезоната. Тоа е единствената победа на тимот во вториот дел од сезоната и е убедливо последен на табелта.
Куманово со победа на овој натпревар ќе ја оствари 19.победа со што шансите на Гостивар да стигне до четвртата позиција се сведуваат на теоретски, имајки впредвид дека за таа позиција ќе мораат уште денеска да го победат тимот на Работнички, а подоцна да извојуваат победа и против МЗТ Скопје и Куманово. Овој натпревар започнва во 18 часот, а линк за гледање во живо се очекува да биде објавен денеска на Фејсбук страната на АВ Охрид .