Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Аеро клубот „Доне Божинов“ од Куманово викендов е домаќин на Меѓународниот куп во падобранство што се одржува на спортскиот аеродром Аџитепе. 25 падобранци од седум екипи од Македонија, Србија и Црна Гора се натпреваруваат во две дисциплини, скокови на цел и скок од 4000 метри.
„За прв пат организираме натпревар од меѓународен карактер и се надеваме дека во иднина ќе стане традиционален, помасовен. Нашата цел е повторно да го актуелизираме овој спорт во Македонија и нашите падобранци да ги покажат своите вештини, како некогаш во поранешна Југославија, кога добивавме престижни награди и признанија“ - вели Часлав Спасовски, управител на Аеро клубот „Доне Божинов“ од Куманово.
На утрешниот финален натпревар тројцата најдобри падобранците ќе се закитат со медали, а до сега екипата на Куманово се покажала како најуспешна.