×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово

    02.06.2022 15:48 | Сузана Николиќ

    На терените на „Соколана“,  во сабота ќе се одржи вториот Меѓународен меморијален боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“. На турнирот ќе учествуваат дваесетина боксери од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово, а ќе се одиграат околу 20 мечеви. 

    Меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово

    Покрај боксерите - учесници кои ќе се борат на рингот, најавено е доаѓање и на повеќе боксерски легенди од Балканот.

    „Очекуваме дека турнирот ќе ни го удостојат и ќе присуствуваат најдобрите боксери, светски прваци и олимпијци од поранешна Југославија. Од Тадија Качар, Ристиќ, Перуновиќ, Живадиновиќ, Русевски, Реџеповски, Пузовиќ, Лука Парлов, синот на Мате Парлов, Вујковиќ, Дејан Завец од Словенија, кои се прогласени за најдобри боксери на 20-век. Ги повикуваме сите граѓани кои го сакаат боксот и спортот, да дојдат во што погоелм број, бидејќи покрај тоа што ќе имаат можност да проследат одлични мечеви, ќе можат да се сретнат и со боксерските легенди“, изјави Влајко Стојчевски, секретар на Боксерскиот клуб Куманово.

    Турнирот го организира Боксерскиот клуб Куманово со помош на Боксерската федерација на Македонија, а под покровителство на Општина Куманово и Општинскиот сојуз на спортови.

    Почетокот на турнирот е во 18 часот, а ќе трае до 22 часот.