Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Металург повторно преку квалификациите ќе бркаат пласман во групите од Лигата на шампионите.
Вечерва во СЦ „Борис Трајковски" кај македонскиот вицешампион гостува унгарската екипа ПИК Сегед.
Во таборот на Металург нема проблеми и тренерот Лино Червар може да смета на сите играчи, а се очекува во тимот да биде и репрезентативецот Дејан Манасков, кој се враќа по повредата. Единствен хендикеп за нашата екипа е тоа што немаше доволен број квалитетни контролни натпревари.
На ланскот костур од екипата донесовме неколку нови играчи и пред се на надворешната линија. За да дојдеме до победа ќе мора да бидеме тактички и дисциплинирани во текот на целиот натпревар бидејќи имаме за противник квалитетен ривал - напомена Лино Червар.Почетокот на натпреварот е во 19 часот.
Од денеска до недела ќе се одиграат сите квалификациски натпревари. Покрај двомечот Металург - ПИК Сегед, со вајлд карта играат уште Монпеље и Висла, а европскиот првак Хамбург веќе се квалификвува со вкупна победа од 57:56 над Берлин.Квалифиации играат уште: Халмштад - Еш (прв натпревар 30:26 за Еш). Во квалификационите групи кои се играат во текот на викендот играат: Динамо Минск, Татран, Бешикташ и АЕК (група 2); Борац Бања Лука, Војводина, Алпла и Мотор Запорожје (група 3) и Констанца, Порто, Елверум и Волендам (група 4).