Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Металург го декласираше Пик Сегед и на реваншот в недела ќе патува со десет гола предност, МЕТАЛУРГ - ПИК СЕГЕД 26:16 (13:11)
Шансите Македонија да има два претставника во Лигата на шампионите вчера се зголемија десеткратно. Металург му нанесе на Пик Сегед пораз што долго ќе го памети.
На дуел на кој македонскиот тим важеше за благ фаворит, Металург победи со цели 10 гола разлика и само чудо може да го спречи да се пласира во групната фаза на Лигата на шампионите.
На почетокот ни одеше малку тешко, бевме нервозни, но потоа заигравме одбрана, што ни овозможи лесни голови и според мене тоа беше решавачко. Имаме десет гола, но не смееме да се олабавиме затоа што постојат примери кога била стопена ваква разлика-изјави Павел Атман.