×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Металург подготвен да го приземји Динамо (Минск)

    14.03.2013 08:43 | KumanovoNews

    Македонскиот ракометен шампион Металург денеска (17 ч), го игра првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против екипата на Динамо (Минск).

    Металург подготвен да го приземји Динамо (Минск)

    На овој дуел избраниците на Лино Червар, ќе се обидат да забележат поволен резултат и по одигрување на реваншот наредната недела во Скопје да се пласираат во четвртфиналето.  

    Знам се за Динамо Минск и можам да кажам дека воопшто не сум изненаден од успесите на овој клуб во изминатиот период. Игравме со нив пред три години кога Динамо го освои квалификацискиот турнир за пласман во ЛШ што се играше во Порто и оттогаш формата на овој тим се движи во нагорна линија. Имаат одличен тренер и ракометари кои играат стандардно во своите репрезентации. Нема да биде лесно, но не ни очекувавме такво нешто бидејќи во осминафиналето од ЛШ нема наивни противници. За Динамо Минск би кажал дека е еден од најсилните тимови во поранешниот СССР, но тоа не значи дека ние сме без шанси-изјави  Червар.  

    На овој дуел поради повреда нема да настапи крилото Дејан Манасков, а неговата замена Словенецот Давид Коражија ќе има шанса да ги покаже своите квалитети на еден многу значаен натпревар за македонскиот шампион.