Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двете најквалитетни екипи во машкиот ракомет во Македонија, Металург и Вардар Про, ќе играат меѓусебно во рамките од 5-то и 10-то коло од Суперлигата.
Ова е епилогот од вчерашното извлекување на натпреварувачките броеви за машката Суперлига, одржано во Ракометната федерација на Македонија.
Првиот дуел меѓу Металург и Вардар Про, кои се и главните конкуренти за шампионскиот трофеј, ќе се одигра на 4 или 5 мај во „Автокоманда“, додека натпреварот од 10-то коло ќе се игра на 1 или 2 јуни во СРЦ „Кале“. Двојките за 1-то коло се: Пелистер - Вардар Про, Металург - Куманово и Зомимак - Пролет.