Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Металург, вчера во Подгорица ја постигнаа својата прва победа во новата сезона на Сеха лигата и екипата на Ловќен ја совладаат со 29:23.
Кон крајот на првото полувреме, ракометарите на Металург ја направија решавачката разлика во резултат која до крајот на натпреварот им ветуваше сигурна победа.
На полувремето отидоа со резултат 15:8.
Најефикасни на натпреварот беа Ренато Вугринец со 7 голови и Павел Атман со постигнати 6 гола.
Поради повреди на овој натпревар не настапија Филип Миркуловски и Дарко Станиќ.
Првиот натпревар од второто коло на Сеха Лигата, вториот македонски претставник, екипата на Вардар го игра на домашен терен, во СРЦ Кале против белградскиот Партизан во сабота.