Милош Станојковиќ ќе игра за “Металург“
23.12.2013 09:22
| KumanovoNews
Mладиот фудбалер Милош Станојковиќ (19) од с.Умин Дол, по Нова година ќе ја продолжи кариерата во фудбалскиот клуб “Металург“ од Скопје.

Како фудбалер на “Башкими“ преминав во “Металург“ и сум многу задоволен од тренинзите, од третманот, општо од се. Се двоумев меѓу два клуба, но тие ме примија многу добро, бев на проба , на тренинзи, беа задоволни од мене затоа ме ангажираа. Се надевам на успех - вели Станојковиќ.
Тој претходно играл во клубовите “Мијо“ во Куманово, “Силекс“ во Кратово, “Чукарички“ во Белград, “Пирин“ во Бугарија и “Башкими“ во Куманово.