Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владимир Мирковски е нов тренер на Кошаркарскиот клуб Куманово, по заминувањето на Александар Петровиќ.
Тој е млад, но искусен кошаркарски тренер, кој досега бил во екипата на ФМП Академија. Во Куманово доаѓа со само една цел – нови успеси со клубот.
„Куманово е бренд во македонската кошарка и задоволство ќе ми биде да го дадам својот максимум во постигнување на нови успеси кои ќе значат афирмација на Куманово, како на домашната така и на меѓународна сцена“, кажа тренерот Мирковски.
Тој има големо искуство во развивање на играчи, спортски менаџмент, разни дисциплини за физичка подготвеност и оддржување на форма. По завршување на високото образование, станал тренер во КК Водњански лисици, подоцна во КК Бест од Гевгелија. Стекнал огромно знаење на кампот „Аца Николиќ“, пред да отиде во КК Вардар. Работел и со младите членови до 16 години во националниот тим. Во ФМП Академија, заминал по четири години работа во Кина како тренер во неколку елитни клуба.
Мирковски пред се, ќе има полни раце работа со големиот дел на помлади таленти во нашиот тим.
Од КК Куманово велат дека договорите ги обновиле сите домашни играчи од минатата сезона. Во завршна фаза е и договорот со искусниот играч Марјан Јанески.
(Д. Давитковски)