Мирослав Клосе ја пишува историјата
09.07.2014 08:06
| KumanovoNews
Германскиот репрезентативен Мирослав Клосе од вчера стана најдобриот стрелец на сите светски првенства.

Напаѓачот на Германија вчера во полуфиналниот натпревар против репрезентацијата на Бразил постигна два гола со кои стигна до вкупно 16 погодоци на Светски првенства.
Пред вчерашниот натпревар Клосе беше изедначен со бразилскиот репрезентативец Роналдо кој имаше постигнато 15 голови на Светските првенства, а се изедначи и до Паоло Малдини по бројот на настапите на Мундијалите.
Вчерашниот настап за Клосе беше вкупно 23 меч а рекордот сеуште го држи неговиот сонародник Лотар Матеус со вкупно 25 настапи.