Митевски во Косово по нов медал
07.10.2011 09:43
| KumanovoNews
Младиот кумановски боксер и младински репрезентативец Никола Митевски овој викенд ќе настапи на бокс - турнир во Косово.

На турниорт се очекува да се појават боксери од Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Германија, Хрватска, Македонија и домаќинот Косово.
Митевски се натпреварува во категоријата до 64 (кг), а на последниот турнир во Србија освои бронзен медал.