×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Михаела Алексовска од Крива Паланка прва македонска кошаркарка која ќе учествува на Интернационалeн НБА камп

    01.04.2022 15:59 | Жаклина Цветковска

    Михаела Алексовска од Кошаркарскиот клуб „Крива Паланка“, која беше прогласена за најдобра млада кошаркарка за 2021 година, а воедно е и капитен на младинската кадетска репрезентација и игра во сениорскиот тим на матичниот клуб, е првата кошаркарка од Македонија која е поканета да учествува на Интернационалниот НБА камп, кој ќе се одржи во Милано, Италија, од 1-5 јуни годинава.

    Михаела Алексовска од Крива Паланка прва македонска кошаркарка која ќе учествува на Интернационалeн НБА камп

    Овој камп, насловен како „Кошарка без граници“, го организира Одделот за младинска кошарка на НБА лигата и е еден од најпрестижните кампови во Европа, каде се очекува учество да земат над 40 најталентирани млади кошаркарки. За Алексовска, како нова спортска надеж на македонската женска кошарка, ова е огромно признание за нејзините досегашни успеси, но и можност да ја надоградува својата игра заедно со европските перспективни кошаркарки и да напредува во својата кариера.

    „Ова е големо признание за мене, кое ме мотивира уште повеќе да продолжам да се доусовршувам за да можеме и во иднина да ја радуваме целата нација. Успехот не е само мој, тука на целиот тим и сите соиграчи со кои делуваме како семејство, вклучувајќи ги тука и тренерите, стручните лица, родителите, другарите и поддржувачите, со кои се почитуваме и заеднички се радуваме на сите успеси“, вели Михаела.

    Како капитен на кошаркарска селекција до 16 години, која минатата година го освои првото место на ФИБА Челенџер турнирот во Т`билиси, Грузија, Јакимовска беше прогласена за најкорисен играч МВП и го привлече вниманието со 25.8 поени  по натпревар. Таа беше најдобар стрелец на турнирот во Грузија, а на сите Челенџери што се одржаа во истиот период заврши како второпласирана на листата на стрелците од околу 260 кошаркарки во Европа и беше шесто место на листата на кошаркарки со најдобар индекс по натпревар. На овој турнир младите македонски кошаркарки остварија максимален учинок со 4 победи и ниту еден пораз, а овој успех резултираше Алексовска да биде прогласена и за најдобра млада македонска кошаркарка.

    „Секогаш играм со срце, тоа е она што ме одликува како играч, кошарката е тимски спорт, најважно е да можеш да дадеш придонес кон целиот колектив со кој се подобруваат не само твоите перформанси, туку и на сите други соиграчи. За тоа, покрај моите поени, говорат и остварените бројни асистенции, украдени топки и скокови, бидејќи она што го остваривме како резултат има историско значење за женската кошарка во нашата држава, што ми е најголем мотив“ истакнува мадата кошаркарка.

    Алексовска ја започнува кариерата во матичниот клуб „Крива Паланка“ за кој игра и денес. Во сезоната 2018/19 го добива МВП признанието на првенството до 14 години, кога се вбројува и меѓу најмладите членови на првиот женски сениорски тим од клубот
    што успешно настапува во Првата женска кошаркарска лига. Настапува и на „Slovenia ball“, две сезони игра и во WABA Јадранската регионална лига до 17 години, а веќе 4- та сезона е дел од стартната петорка во сениорската лига и во Суперлигашкиот тим.

    „Алексовска е дел од златната генерација кошаркарки. Таа мина низ сите младински категории во клубот, овде ги направи своите први чекори на паркетот, како дел од развојниот процес на играчи напредува одлично низ годините, а веќе четврта сезона е прволигаш во нашиот сениорски состав. Оваа покана е само уште една потврда дека таа е талент, препознатлив во интернационални рамки. Ние сме горди на неа и секој ден работиме на подобрување на перформансите за уште поголеми резултати во иднина, изјави тренерот и претседател на КК „Крива Паланка“, Ведран Белешковски по добивањето на поканата за учество на Михаела на Интернационалниот НБА камп.

    Алексовска вели дека успесите и постигнувањата бараат многу одрекувања, поставување приоритети, одложени бројни слободни активности, излегувања, забави. Но големата посветеност на секојдневните тренинзи, бројните часови во сала, теретана, викенди без слободен ден, натпреварувања, патувања...за неа се задоволство, определба и љубов. Кошарката е нешто што таа го сака и за што живее.

    „Кошарката е мојот живот, јас живеам со и за кошарката. Сонувам, сакам и работам на тоа да се натпреварувам секој ден, постојано и цврсто со себеси, да бидам подобра од себе секој ден, денес повеќе од вчера, утре повеќе од денес. Сакам да бидам победник во тој мој натпревар  низ животот, а се надевам и верувам тоа еден ден ќе ме однесе и во сениорскиот репрезентативен состав , бидејќи сон на секој играч ,а и гоордост и чест е да ги брани боите на својата држава“, порачува Алексовска.