×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МКК Куманово е шампион во Трета лига

    10.05.2022 11:29 | KumanovoNews

    Вториот кошаркарски претставник на Куманово во сениорска конкуренција, тимот на МКК Куманово одигра одлична сезона и успеа да биде шампион во Трета лига со што се пласираше следната сезона во второлигашката конкуренција.

    МКК Куманово е шампион во Трета лига Фото: kfsm.mk

    Оваа сезона Третата лига беше поделена во две групи со по седум екипи. Младиот тим го заврши регуларниот дел на втората позиција на табелата со девет победи и три порази, зад Работнички кој немаше ниту еден загубен натпревар. Потоа следуваше елиминациски дел од сезоната каде што МКК најпрвин беа подобри од Спарта, во полуфиналето од Албес, за да во финалето му го нанесат првиот и единствениот пораз на Работнички оваа сезона со резултат 63-66.

    МКК Куманово успеа да се врати таму каде што припаѓаше. Минатата сезона еден пораз не исфрли во Трета лига, но со многу труд и работа се вративме таму каде што припаѓаме. Ова е тим од кошаркари кои беа дел од сите младински категории на нашиот клуб и сега со својот квалитет и талент добиваат шанса да играат во сениорска конкуренција. Ние сме тука да ги истрпиме нивните грешки и да го трасираме тој пат - изјави Мартин Атанасовски, тренер на екипата. 

    Ова е трета сезона по ред на МКК Куманово во сениорската кошарка, а за наредната сезона имаат за цел клубот да стане стабилен и редовен учесник во втората кошаркарска лига. Се надеваат дека Општината и прватниот сектор ќе ја препознаат нашата работа и ќе им помогнат остварување на целосна стабилност на клубот.

    Следната година не чекаат противници кои се за едно или две нивоа посилни од овие против кои игравме оваа сезона. Немаме желба за Прва лига, сакаме да станеме клуб кој е стабилен во оваа првенство. Сигурно дека ќе ни треба засилување за следната сезона, и сигурно најпрвин ќе разговараме со кумановците кои играат по други клубови. Меѓутоа за се тоа е рано да се зборува, сега уживаме во моментот - додаде Атанасовски.

    Второлигашкото друштво оваа сезона броеше 12 екипи, па веројатно така ќе биде и следната сезона. Во втората лига од Куманово досега имаат учествувано екипите на КСК Куманово, КК Пинк Пантери, КК Михајловски и КК Бал фор Лајф, ниту една од екипите не одржа континуитет подолг од три сезони на редовни настапи во сениорските натпреварувања.