Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младинскиот состав на КК Куманово 2009, утре во Виница ќе игра на завршниот турнир во Купот на Македонија. Противник во финалето ќе биде тимот на Работнички.
Натпреварот ќе се одигра во 18 часот, а за сите заинтересирани љубители на кошарката ќе има и организиран превоз, 14:45 пред спортската сала во Куманово. Кумановчани ќе се обидат да бидат втори освојувачи на Купот на Македонија, одкако минатата година победник беше екипата на Вардар 2000.
Во лига натпреварите Куманово, после натпреварите по групи се наоѓа меѓу шестте најдобри екипи кои ќе разигруваат за освојување на младинската лига.