Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во сабота одбојкарките на Одбојкарски клуб Куманово, во категорија на кадетки (1998 и помлади) гостуваат на екипата на 11 Октомври Волеј во Прилеп.
Овој натпревар е во рамките на четврт-финалето на првенството на Одбојкарска федерација на РМ, и ќе се оддржи во салата на МСУ “ Ѓ.Петров“ Прилеп со почеток во 17:00 ч. Со самиот пласман во 8 најдобри екипи во Македонија, младите одбојкарки од нашиот град остварија голем успех, сметајќи дека оваа е прва сезона во која ОК Куманово се натпреварува во оваа категорија. Реванш натпреварот е начелно закажан за 03/04 мај 2014г. во Куманово.
Иако по искуството и по реномето на екипите нашите девојчиња не се фаворити, спортски е да се надеваме на позитивен резултат во двомечот за пласман на Фајнл-фор турнирот - изјавија од клубот.