Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дуелот против репрезентацијата на Чешка во која Македонија одигра нерешен натпревар максимално ги заплетка работите во групата А на Европското првенство во Данска.
Она што за сега е јасно е дека во четвртфиналната фаза ќе одиме само ако ја совладаме репрезентацијата на Австрија или евентуално да одиграме нерешен натпревар, бидејќи колку поени ќе освоиме на овој дуел со толку поени влегуваме во следниот натпреварувачки круг.
Според правилата ако од овој натпревар излеземе како поразени ќе решава исклучиво гол разликата во која моментално сме подобри од репрезентацијата на Чешка.
Тоа значи дека разликата помеѓу негативата со која би загубиле ние и Чесите не смее да биде поголема од еден. Ако изнесува два, тогаш во игра влегува друг критериум, а тоа е бројот на постигнатите погодоци на двете селекции, што е уште потешко да се предвиди.
Очигледно, ситуацијата е полоша за Македонците кои имаат само еден бод, но Австријците не можат да бидат сигурни дали ќе ги победат.
Ако Чешка направи изненадување и ја победи Данска подоцна вечерта, двата бода на Австрија повеќе нема да бидат доволни за да отидат во следнниот круг.
Или Македонија или Австрија денес ќе си замине од ЕП во Данска бидејќи денес е решавачкиот дуел.
Кога Македонија и Австрија ќе се судрат во Јиске Банк Боксен во Хернинр во 18.15 часот тие ќе знаат дека губитникот ќе мора да го чека исходот од подоцнежниот меч меѓу Данка и Чешка за да знае дали ќе продолжи во следната рунда или пак во петок ќе си замине од турнирот.