Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Куманово утре и гостуваат на екипата на Преспа 2010.
Двете екипи имаат ист скор, од пет победи еден нерешен натпревар и два пораза. Овој натпревар ќе биде клучен кога е во прашање одлепување на некоја од екипите од средината на табелата и приклучување кон водечките три екипи.
Куманово засега игра во одлична форма, а доказ е минатонеделниот нерешен резултат против лидерот Младост.
Натпреварот се игра во Ресен во салата Заре Стојановски и започнува во 18 часот.