МРК Куманово во сабота ја пречекува Струга
28.10.2022 14:13
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово во сабота на домашен терен играат против тимот на РК Струга.

Гостинскиот состав се наоѓа на петтата позиција на табелата со две победи, еден нерешен резултат и четири порази. Куманово досега забележа една победа и шест порази што го сместува на предпоследната позиција на табелата.
Натпреварот започнува во 19 часот во салата на економското училиште, а за сите љубители на ракоментот кои нема да можат да присуствуваат, ќе биде обезбеден стрим.