МЗТ пресилен за Куманово
03.05.2014 09:15
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово го забележаа четвртиот пораз во Супер-лигата, одкако вчера беа поразени од тимот на МЗТ Скопје со резултат 97-85.

На МЗТ му требаше помалку од десеттина минути да ги постигне максималните 22 поени разлика, а до крајот на мечот Куманово успеја само да го ублажи поразот. Тимот од Аеродром беше на работ од пораз во Спортската сала во Куманово, па во овој меч не дозволи никакви изненадувања.
Тодор Гечевски беше предводник во овој меч постигнувајки 25 поени, додека во Куманово Врањеш постигна 23 поена.