500x100-1
24. 08. 2010 14:34

На чекор до Литванија

На чекор до Литванија

Македонските репрезентативци со вчерашната победа над Велика Британија се на чекор до пласман на ЕП што идната година ќе се одржи во Литванија. Во пеколна атмосфера во преполната сала „Борис Трајковски“ нашите репрезентативци успејаа со резултат 75:56 да ја победат довчера непоразената екипа во овие квалификации.

Единствено водство на натпреварот, британците го имаа во петата минута од натпреварот(5:9), за да подоцна нашите репрезентативци воспостават целосна контрола над натпреварот. Во првата четвртина главни актери на натпреварот беа Мираковски, како и Тодор Гечевски кој и покрај скршеницата на носот успеја во првото полувреме да забележи 11 поени. 

Стандардно добро изигра и црномурестиот македонец Мекејлеб кој со 20 поени го заврши натпреварот како и неколку асистенции и атрактивни забивања, а Самарџиски во второто полувреме ги постигна сите негови 12 поени.

„Испраќам голем поздрав до нашите фанови бидејќи со секој нивни потег ни помагаа и беа нашиот шестти играч на теренот, тие беа доста фасцинантни, го победивме најголемиот фаворит во групата, сега сме првопласирани и се надевам дека ќе останеме таму“ - изјави Меккејлеб за официјалниот сајт на ФИБА.

Кај Велика Британија стандардно најдобри беа Менса-Бонсу со 17 поени и 13 скока, и Луол Денг со 14 поени.

Македонија во четврток е слободна, а во недела ќе игра против селекцијата на Босна и Херцеговина. Со победа во Сараево, нашиот состав ќе има резултат од 6-2, и доколку не заврши како првопласирана екипа, сигурно ќе биде најуспешната второпласирана репрезентација, бидејки во останатите групи сите второпласирани репрезентации досега имаат забележано по 3 пораза.

На чекор до Литванија