Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Третиот глен слем турнир годинава Вимблдон се ближи кон самиот крај и остануваат да се одиграат уште полуфиналните и финалните натпревари.
Во пресрет на овој турнир бил направен интересен квиз на кој „големата тениска четворка“ Надал, Федерер, Ѓоковиќ и Мари одговарале на прашања поврзани со нивната кариера.
Шпанецот имаше најточни одговори на прашањата и освои 11 од вкупно 13 поени. Федерер пак имаше 10 поени, а Ѓоковиќ и Мари по 7.
Сепак ситуација на теренот се покажа како поинаква, Федерер и Надал беа елиминирани во раната фаза на Вимблдон, додека нивните конкуренти стигнаа до полуфиналето каде доколку бидат подобри од Јанович и Дел Потро ќе се изборат за меѓусебен дуел во финалето.