Најголемиот кошаркарски талент во САД
10.04.2014 10:05
| KumanovoNews
Еден од најголемите играчи во САД е средношколецот со име Тако Тако. Тој е висок 226 сентиметри.

Овој американски средношколец сигурно не е најголем кошаркарски талент, но со сигурност е - најголем. Неговата висина е 226 сентиметри и според сликата може да забие без да скокне.
Тако Тако настапува за Либерти Кристијан Пеп, средно школо од Флорида и привлекува голем број на скаути. Едно е сигурно, скаутите неможат да го промашат.