Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарската репрезентација на Македонија до 14 години денес патува во Словенија на европски куп, на којшто ќе игра против Шпанија и Хрватска.
Во Словен Градец од задутре почнува европски куп турнир на генерацијата до 14 години, предводена од селекторот Митко Костовски, и тренерите Никола Данев, Александар Петровиќ и Енвер Мифтари.
На турнирот ќе учествуваат и репрезентациите на Унгарија, Хрватска, Словенија и Шпанија. Македонската репрезентација ќе биде составена од 14 играчи, кои веќе успешно настапувале на силни турнири, во Шпанија, Турција, Србија, Грција и се очекува да биде еден од фаворитите, рамо до рамо со Хрватска и Шпанија.
За нашиот национален тим ќе настапат Ведран Ристовски, Мартин Дамјановски, Александар Јанев, Илија Колев, Јаков Павловиќ - Латас, Даниел Србиновски, Кристијан Радичевски, Атила Јонуз, Давид Здравковиќ, Филип Сотиров, Стефан, Кукуновски, Мартин Веселиновски.
Воспоставувањето и одржувањето систем водењето грижа за младите кошаркарски селекции, кои со години го спроведува Македонската кошаркарска федерација, како со силни младински лиги дома, така и успешни настапи на меѓународни турнири и првенства, е причината што Македонија со години е во врвните топ десет кошаркарски репрезентации, а се повеќе македонски играчи настапуваат за големите европски клубови.