Натпреварот Куманово - МЗТ го отвара 15.коло во домашното првенство
02.02.2022 12:21
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово денеска го пречекуваат тимот на МЗТ Скопје Аеродром со што започнуваат натпреварите од петнаесеттото коло од домашното првенство.

Куманово ја започна оваа година со два пораза, а по смена на тренерската позиција имаат скор од три победи и четири пораза. Денеска Куманово ќе излезе во комплетен состав, меѓутоа ќе имаат тежок противник против кој ќе ја бараат првата победа во новата година. Тимот ќе го засили Александар Андрејевиќ кој играше за Куманово и минатата сезона.
Натпреварот се игра денеска во салата на економското училиште со почеток од 19 часот.